сабота, 24. јули 2021. Вести денес: 72
home Фудбал

Погба за прв пат се огласи по болната елиминација на Франција: Фудбалот знае да биде суров

Погба за прв пат се огласи по болната елиминација на Франција: Фудбалот знае да биде суров

Репрезентацијата на Франција иако важеше за прв фаворит за титулата многу рано во осминафиналната фаза го заврши настапот на 16. Европско првенство.

„Галските петли“ паднаа пред Швајцарија, репрезентација која успеа од 3-1 да се врати во игра, да израмни на 3-3, да издржи во продолженијата и потоа на пенали да им пресуди на избраниците на Дидие Дешамп.

Ова резултат секако беше огромно разочарување, меѓутоа животот оди понатаму и фокусот мора да биде на новите, следните предизвци.

-Понекогаш фудбалот може да биде суров… суров и исто така убав. Мечот ни донесе тага, ама среќа за нашите противници. Тоа е убавината на фудбалот. Секако сите посакувавме да можеме да имаме позитивен резултат.

-Им благодарам на сите наши фанови низ целиот свет. Беше убаво да ве видам, да ве слушнам и да славиме со вас. Ни дадовте надеж и радост во текот на сите наши натпревари. Ќе ги кренеме главите и ќе се вратиме посилни. На крајот сакам да и честитам на Швајцарија, -порача Пол Погба кој беше еден од најдобрите француски играчи на турнирот.

Коронавирус