недела, 20. септември 2020. Вести денес: 93
home Фудбал

Погба се одлучи за брза операција поради ризикот да не игра на ЕУРО 2020

Погба се одлучи за брза операција поради ризикот да не игра на ЕУРО 2020

Играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Пол Погба, не беше во комбинација за настап неколку недели поради повреда на глуждот. Дваесет и шестгодишниот фудбалер од средниот ред се одлучи за операција оваа недела, поради ризикот да не игра за француската репрезентација на ЕУРО 2020, пренесува „Телеграф“.

Погба одигра само осум натпревари за Манчестер јунајтед оваа сезона. На крајот на декември 2019 година, тој за прв пат влезе на теренот по скоро три месеци, но повторно беше повреден.

Претходно беше објавено дека отсуството на Французинот се должи на неговата желба да го смени клубот. Тоа многу веројатно ќе се случи по одлуката на фудбалерот во преден план да ја стави репрезентацијата пред клубот.

Коронавирус