четврток, 16. септември 2021. Вести денес: 149
home Фудбал

Погба на излезни врати од Манчестер Јунајтед, клубот разгледува три евентуални замени

Погба на излезни врати од Манчестер Јунајтед, клубот разгледува три евентуални замени

Медиумите во Франција се погласно шпекулираат дека Пол Погба се наоѓа на излезни врати од Манчестер Јунајтед и дека неговиот агетн, Мино Рајола притиска за негов премин во ПСЖ.

Фудбалерот од средниот ред е во преговори со францускиот клуб, кој пак спорд новинарот Самуел Лукхурст, се уште нема испратено официјална понуда до Манчестер Јунајтед.

Од англискиот клуб како што стојат работите, нема да седат со скрстени раце, па веќе влегле во потрага по евентуалната замена за Пол Погба.

„Сан“ пренесувајќи извори од Германија пишува дека клубот од „Олд Трафорд“ е сериозно заинтересиран за Леон Горецка кој барал многу висока плата од Баерн Минхен за да остане во клубот.

Слично како и со Алаба, од Баерн не планирале да му излезат во пресрет на 26 годишниот играч кој би можел да реализира трансфер во Манчестер Јунајтед.

Освен Горецка, Манчестер Јунајтед ја следи ситуацијата и со Рубен Невеш од Вулверхемптон, како и долгорочната трансфер цел на клубот, Деклан Рајс од Вест Хем.

Коронавирус