четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 162
home Фудбал

Погба: Му ветив на Мурињо дека нема да промашам пенал

Погба: Му ветив на Мурињо дека нема да промашам пенал

Пол Погба им се заблагодари на своите соиграчи во Манчестер Јунајтед и менаџерот Жозе Мурињо за поддршката и довербата во натпреварот со Јанг Бојс од групите на Лигата на шампионите.

Светскиот шампион постигна два од трите погодоци за тимот, откако реализираше пенал на крајот на првиот дел, иако неодамна промаши удар од 11-метри во дуелот со Барнли од Премиер лигата.

Вчера сепак, Погба беше беспрекорен од белата точка и веќе има четири гола во шест натпревари за Манчестер Јунајтед од почетокот на сезоната.

– Немав никакви сомнежи за пеналот. Знам дека го промашив претходниот, но му реков на Жозе Мурињо дека нема да ја направам повторно истата грешка. Ја имав довербата на моите соиграчи, кои ми дозволија да го шутирам овој пенал, па мора да им се заблагодарам за тоа. Треба да му се заблагодарам и на менаџерот. Најважно е дека топката заврши во мрежата, прокоментира Погба по мечот. 

МИА

Коронавирус