вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 27
home Фудбал

Погба: Манчестер јунајтед не смее да си дозволи да загуби од Лајпциг

Погба: Манчестер јунајтед не смее да си дозволи да загуби од Лајпциг

Играчот за врска на Манчестер јунајтед, Пол Погба, проговори за тоа што очекува од претстојните натпревари на тимот во Лигата на шампионите и Премиер лигата.

Во вторник на 8 декември, Манчестер јунајтед ќе игра против Лајпциг во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

На 12 декември „Црвените ѓаволи“ ќе се соочат со Манчестер сити во рамките на 11. коло во Премиер лигата.

– Секако, ќе имаме два големи натпревара. Разбираме дека ова се две важни и одлучувачки средби. Победата секогаш мора да биде наш императив. Не смееме да си дозволиме да загубиме или да се задоволиме со реми. Ние секогаш мора да победуваме, тоа е она што го сакаме, изјави Погба.

По 10 одиграни кола во Премиер лигата, Манчестер јунајтед е на 5. место во поредокот со 19 поени.

Коронавирус