понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Погба искрен како никогаш досега- сакам да освојам трофеј со Манчестер Јунајтед

Погба искрен како никогаш досега- сакам да освојам трофеј со Манчестер Јунајтед

Фудбалерот за врска на Манчестер јунајтед, Пол Погба, изјави дека планира да разговара со клубот за продолжување на договорот.

– Имам валиден договор. Тука сум и уживам во играта. Секој знае дека имам уште една година од договорот. Одам да разговарам со клубот. Да видиме како сето тоа ќе заврши. Сега мојата цел е да освојам нешто. Ова е единственото за што размислувам. Сакам да победувам. Ми треба овој притисок. Сакам да играм против врвни играчи, врвни клубови, тоа е добар притисок, рече Погба во разговорот со Рио Фердинанд на каналот „БТ Спорт“.

Манчестер јунајтед е втор на табелата во Премиер лигата со 40 бода, еден помалку од лидерот Манчестер сити. 

ЕУРО 2020

Македонија