сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Погба го кани Дембеле да дојде на „Олд Трафорд“

Погба го кани Дембеле да дојде на „Олд Трафорд“

Играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Пол Погба се обидува да помогне во привлекувањето на Усман Дембеле од Барселона, пишува „Мундо Депортиво“. Се вели дека играчот на „црвените ѓаволи“ имал неколку телефонски разговори со неговиот пријател, повикувајќи го да дојде на „Олд Трафорд“. Тој му рекол дека брзо ќе се навикне на ситуацијата во соблекувалната, а исто така споделил и добри зборови за менаџерот Оле Гунар Солскјер.

Усман Дембеле во моментов е главна трансфер цел на Манчестер Јунајтед, откако клубот не успеа да го земе Џејден Санчо од Борусија (Дортмунд). Солскјер сака да има уште едно крило во својот состав за да ја зголеми конкуренцијата на предните позиции и верува дека 23-годишниот Французин би завршил одлична работа во овој поглед.

Во моментов се водат преговори помеѓу Јунајтед и Барселона за можен закуп на Дембеле за една сезона на „Олд Трафорд“. Каталонците се подготвени да го пуштат Французинот, но тие сакаат Британците да му ја плаќаат платата во целост, додека тој го носи нивниот дрес.

Коронавирус