вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Почнува првата фудбалска лига во Европа по пандемијата и тоа со – ептен чудни правила!

Почнува првата фудбалска лига во Европа по пандемијата и тоа со – ептен чудни правила!

Пасионираните обложувачи и пасионирани фудбалски обложувачи денеска добија радосна вест, а тоа е дека наскоро ќе продолжи уште едно фудбалско првенство во Европа, кое беше прекинато поради пандемијата со коронавирусот.

Станува збор за шампионатот на Фарските острови, каде што е донесена одлука за официјале (ре)старт на 9 мај, со што оваа земја ќе им се приклучи на Белорусија, Туркменистан, Таџикистан, Тајван и на Никарагва, каде што досега се играше фудбал. Малата островска земја во Атлантскиот океан и не претрпе голем удар од Ковид-19, пред сѐ поради природната изолираност и географска положба, со оглед на само 185 забележани заразени со вирусот и без ниту еден смртен случај.

Интересно е што првенството ќе почне со помалку чудни правила, гледано за нормални услови. Станува збор за протокол на хигиена, според кој топката ќе мора да биде дезинфицирана на полувреме, а фудбалерите ќе мора да ги измијат рацете пред да почне мечот. Строго ќе биде забрането плукање и издувување на носот на терен, а играчите ќе мора да имаат посебни шишиња со вода од кои само тие ќе смеат да пијат.

Во првенството на Фарски острови играат десет екипи. Првопласираниот обезбедува пласман во квалификациите за ЛШ, второпласираниот оди во квалификации за Лига Европа, а последните два тима испаѓаат.

Локални избори 2021