сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 51
home Фудбал

Почнува нова потрага по Сала: Фудбалерите донираат за исчезнатиот колега

Почнува нова потрага по Сала: Фудбалерите донираат за исчезнатиот колега

Аргентинскиот напаѓач Емилијано Сала уште не е пронајден, откако на почетокот на неделата исчезна неговиот авион, кој патуваше од Франција кон Англија.

Сала се враќаше во Кардиф, каде што авионот исчезна од радарот и многумина се сигурни дека се урнал во морето. Официјлната потрага заврши, но семејството не сака да се откаже од него, па реши да почне самостојна истрага.

Многу ѕвезди на социјалните мрежи побараа да се почне нова истрага, а семејството на Сала призна дека поддршката од сите останати пристигнала кога Лионел Меси објавил молба на Инстаграм.

Од тој момент почнаа да се собираат пари за нова истрага, па досега се собрани околу 200.000 евра, а им недостигаат уште 100.000 евра за целосна истрага.

Не е познато дали Меси донирал одреден износ, но многумина веруват дека го направил тоа. Во моментов покрај Канте познато е дека пари за истрага донирале Илкај Гундоган, Жефри Кондогбија, Толисо и други.

Коронавирус