вторник, 20. август 2019. Вести денес: 118
home Фудбал

Почнува меморијален турнир во мал фудбал „Бобе Јуниор“ во тетовско Јанчиште

Почнува меморијален турнир во мал фудбал „Бобе Јуниор“ во тетовско Јанчиште

Меморијален турнир во мал фудбал „Бобе Јуниор“ почнува вечер во 19 часот во тетовско село Јанчиште, во општина Јегуновце.

-На отворањето ќе имаме почесна програма во чест на основачот на турнирот Бобан Симовски-Бобе и неговиот другар Александар Димчевски-Трска, во рамки на која ќе настапи културно-уметничко друштво „Извор“ од Јегуновце по што ревијален натпревар ќе одиграат екипите на ФК Тетекс и ФК Љуботен, изјави Бојан Симовски од организацијата на турнирот.

По ревијалниот натпревар турнирот продолжува со еден натпревар од групите и средба на екипите Бобе Јуниор (Јанчиште) и Плаја Виста (Сиричино).

На турнирот учествуваат 25 екипи од Тетовско поделени во шест групи. Првата фаза од натпреварувањето по групи ќе се игра по бод систем до 9 јуни по што се продолжува со елиминации во осминафиналето. Се играат по две полувремиња од по 15 минути. (МИА)