вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 51
home Фудбал

Почина руската фудбалска легенда Виктор Понедељник

Почина руската фудбалска легенда Виктор Понедељник

Еден од најдобрите руски фудбалери на сите времиња Виктор Владимирович Понедељник почина денеска на 83 години, соопшти Руската фудбалска федерација

Понедељник се прослави во финалето на Европското првенство во 1960 година, кога му ја донесе титулата европски првак на поранешниот Советски сојуз. Понедељник го постигна победоносниот гол во 113. минута во продолжението со кој СССР ја совлада поранешна Југославија на „Паркот на принцовите“.

Роден во Ростов на Дон, Понедељник играше за ЦСКА и московски Спартак, а на 29 натпревари во дресот на Советскиот сојуз постигна 20 голови.

По завршување на играчката кариера, Понедељник работеше како фудбалски тренер и спортски новинар. (МИА)

Коронавирус