сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 77
home Фудбал

Почина легендата на „Фудбал Менаџер“, Максим Цигалко

Почина легендата на „Фудбал Менаџер“, Максим Цигалко

Легендата на популарната видео-игра „Фудбал Менаџер“, Максим Цигалко, почина на 38-годишна возраст. Не се познати причините за смртта на поранешниот фудбалер на Динамо Минск, Нафтан. Каисар, Бабатс и Савијат.

Цигалко, во играта „Фудбал Менаџер“, во 2002 година, беше еден од најдобрите играчи во светот. Како напаѓач, во играта Цигалко „постигнуваше повеќе голови од Роналдо“. Играчите на популарната игра од него добиваа по 50 голови во сезона.

Играчите го нарекуваа и „виртуелен Пеле“.

Цигалко во кариерата забележал 11 настапи за младата и два за сениорската репрезентација на Белорусија.

Извор: Топспорт.мк

Коронавирус