четврток, 2. јули 2020. Вести денес: 230
home Фудбал

Почина еден од најголемите фанови на Академија Пандев – Гокче Горан Пандев

Почина еден од најголемите фанови на Академија Пандев – Гокче Горан Пандев

Еден од најголемите подржувачи и следбеници на Академија Пандев, популарниот Гокче од Струмица кој има идентично име и презиме како и сопственикот на клубот Горан Пандев, почина.

Ова го потврдија од прволигашот кој неодамна почна со подготовките за најавениот рестарт во ПМФЛ.

„Со голема тага и жалост ја примивме веста за нашиот верен поддржувач со исто име и презиме со нашиот сопственик Горан Пандев. Гокче беше присутен на секој домашен и гостински натпревар на Академија Пандев, а беше и голем пријател на безброј спортисти и спортски работници. Почивај во мир Гокче, никогаш нема да бидеш заборавен! “ – соопштија од Академија Пандев.

ИЗВОР: ДРИБЛИНГ.МК

Парламентарни избори 2020