понеделник, 23. септември 2019. Вести денес: 38
home Фудбал

Почина еден од најдобрите фудбалери на Вардар- клубот со сочувство до семејството

Почина еден од најдобрите фудбалери на Вардар- клубот со сочувство до семејството

Вчера почина Стојан Велковски – Цојле, еден од најдобрите играчи на Вардар во 50-тите и 60-тите години од минатиот век. Цојле беше член на генерацијата која во 1961 година го освои Купот на Југославија заедно со Часлав Божиновски, Тоде Георгиевски, Благоја Вучидолов, Драган Трајчевски, Петар Ангушев, Славко Дацевски, Мирко Илиевски, Владо Николовски, Андон Дончевски, Петар Шулинчевски… Тогаш на стадионот ЈНА во Белград, Вардар го победи Вартекс во финалето, и го подигна големиот пехар.

ФК Вардар упатува сочуство до семејството и најблиските на Стојан Велковски.

Нека му е вечна слава, нека почива во мир!