вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Почетино се огласи по гласините дека ќе го замени Зидан во Реал Мадрид

Почетино се огласи по гласините дека ќе го замени Зидан во Реал Мадрид

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино избегна да даде конкретен одговор околу преземањето на Реал Мадрид со зборовите дека не знае што може да се случи во иднина.

Аргентинскиот фудбалски експерт е прв кандидат за замена на Зинедин Зидан, кој ја шокираше јавноста со оставката по третото освојување на Лигата на шампионите.

-Уживам во тоа што се случува и не знам што ќе биде. Хорхе Гриф еднаш ми кажа дека мораш да му препуштиш на фудбалот да те земе, судбината не може да се менува, рече почетино за АС.

Тој неодмна го продолжи договорот со Тотенхем до 2023. година, но има договор со сопственикот на клубот, Даниел Леви дека може да оди во случај на одлична понуда за да може да стане менаџер на Реал.

Освен Покетино, како можни замени за Зидан најчесто се споменуваат Арсен Венгер, Антонио Конте, Хосе Марија Гути и Јоаким Лев.

Што се однесува до Зидан, неговата иднина се уште не непозната.

Коронавирус