четврток, 14. ноември 2019. Вести денес: 0
home Фудбал

Почетино паднал во депресија по поразот од Ливерпул во финалето на ЛШ

Почетино паднал во депресија по поразот од Ливерпул во финалето на ЛШ

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино, призна дека поразот од Ливерпул во финалето во Лигата на шампионите го довел до депресија.

– Да, тоа беше тешко за мене, имавме најубави три недели во подготовките за финалето и бевме бескрајно разочарани од начинот на кој изгубивме. Тоа беше многу лошо чувство, како чувството во 2002 кога, како аргентински репрезентативец, забележав нерешен резултат против Шведска и пораз од Англија за една недела од Светскиот куп. Ова се најлошите моменти во мојата кариера, “, рече 47-годишниот специјалист.

По финалето со Ливерпул, тренерот на „петлите“ се качил на воз од Мадрид до Барселона и не излегувал 10 дена од неговиот дом.

– Не сакав да излезам. Беше тешко, бидејќи бевме толку блиску до славата. Мислам дека бевме подобри од Ливерпул. Малку детали ја направија разликата. Шампионите брзо се опоравуваат, можеби 10-15 дена, како што беше во мојот случај, Најлошо е на одмор, затоа што секој ден мислиш на истото, но кога ќе продолжите со тренинзи, лошите спомени остануваат во минатото. Огнот внатре во тебе повторно се појавува, додаде Почетино.