четврток, 19. септември 2019. Вести денес: 117
home Фудбал

Победничко враќање на Несторовски во Серија А, Удинезе го совлада Милан (ВИДЕО)

Победничко враќање на Несторовски во Серија А, Удинезе го совлада Милан (ВИДЕО)

Илија Несторовски победнички дебитираше во тимот на Удинезе, македонскиот фудбалер се радуваше на триумф од 1-0 против Милан.

Натпреварот меѓу Удинезе и Милан долго време беше 0-0. Несторовски влезе од клупата во 71. минута, а во следната Бекао со глава постигна гол за водство од 1-0 кое значеше и победа за домаќините.

Ова за Несторовски беше официјално деби во дресот на Удинезе и негово враќање во Серија А.