вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 131
home Фудбал

По семејната трагедија Луис Енрике се враќа на клупата на Шпанија

По семејната трагедија Луис Енрике се враќа на клупата на Шпанија

Луис Енрике е подготвен за камбек на клупата на шпанската репрезентација, откако синоќа беше обелоденето дека трофејниот стратег начелно ги договорил условите со претседателот на Шпанската Фудбалска Федерација, Луис Рубиалес. Енрике ја водеше „црвената фурија“ се додека не се повлече поради семејни причини.

Во меѓувреме кормилото на националниот тим му припадна на Роберто Морено, а пред неколку месеци беше објавено дека ќерката на Луис Енрике ја загубила најтешката битка. Стратегот во меѓувреме ја отфрли опцијата да седне на клупата на Арсенал, но како што стојат работите тој ќе се врати на кормилото на шпанската репрезентација.

Шпанските медиуми тврдат дека Рубиалес во последните неколку седмици избегнувал секаков контакт со сегашниот селектор Морено, кој бил бесен кога било обелоденето дека и покрај добрите игри и резултати во последно време, нема да може да ја води „фуријата“ на ЕВРО 2020. Морено воопшто не се појавил на прес-конференцијата по вчерашниот дуел со Романија, а смената на кормилото на „црвената фурија“ се очекува да биде официјализирана во следните 48 часа.