вторник, 25. јануари 2022. Вести денес: 36
home Фудбал

По Рамос, уште една ѕвезда на Реал на излезна врата

По Рамос, уште една ѕвезда на Реал на излезна врата

Откако Серхио Рамос по 16 години го напушти Реал Мадрид, од Шпанија пристигнуваат вести дека уште една ѕвезда од овој клуб се наоѓа на излезната врата.

Станува збор за францускиот репрезентативец Рафаел Варан чиј договор со „Кралевите“ истекува идното лето.

Според локалните медиуми, Варан два пати одбил да го продолжи договорот со клубот.

Со оглед дека тој се наоѓа во најдобрите играчки години, Реал не сака да ја испушти шансата да заработи од продажбата на Французинот. Во моментов интерес за неговите услуги покажале два клуба, Манчестер Јунајтед и ПСЖ.

За потсетување, Варан во моментов е на Европското првенство со Франција, а по натпреварувањето се очекува да донесе одлука за својата иднина.

Коронавирус