петок, 23. јули 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

По поразот на Македонија, се огласи капитенот Пандев

По поразот на Македонија, се огласи капитенот Пандев

Како за прв натпревар на Европско првенство, за нас тоа е едно големо искуство, истакна македонскиот капитен Горан Пандев во изјава по натпреварот во кој Македонија загуби со 3:1.

-Знаевме дека Австрија ќе притисне, физички се помоќни од нас, имаат добра клупа. Знаевме, ако ги издржавме првите 15-20 минути, имавме некои контри кои што требаше подобро да ги искористиме, но таков е фудбалот. Потоа примивме втор несреќен гол и мислам дека овде натпреварот беше решен.

Пандев оценува дека шансите не се загубени.

-Треба добро да се одмориме, да се припремиме против Украина. Треба овој натпревар да го одиграме отворено, да одиме на победа бидејќи нема што да загубиме, истакна Пандев.

Коронавирус