петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 32
home Фудбал

По Осогово, сега и Вардар застана рамо до рамо со европските гиганти

По Осогово, сега и Вардар застана рамо до рамо со европските гиганти

Фудбалскиот клуб Вардар реши да се приклучи на кампањата која ја започнаа европските гиганти, а вчера на истата се придружи и Осогово. Се работи за иницијатива наречена „Football Cares“ која ја започна римскиот клуб Рома.

Истата е посветена на 25 мај, како ден за исчезнатите деца во светот. Учесниците ќе поставуваат видеа на социјалните мрежи како знак на поддршка, а денес Вардар го потврди своето учество.

Кампањата започната од италијанската екипа веднаш беше прифатена и веќе во неа членуваат Барселона, Ливерпул, Интер, Тотенхем и Зенит, а свој придонес ќе земе и ФИФА.

Коронавирус