понеделник, 16. септември 2019. Вести денес: 0
home Фудбал

По еден меч од Серија А на МТВ, има преговори за ЛШ на ЕХФ и за Лига 1

По еден меч од Серија А на МТВ, има преговори за ЛШ на ЕХФ и за Лига 1

Новата сезона во Серија А започнува викендов а Македонската радио телевизија обезбеди ТВ преноси. Ова е официјално потврдено што значи дека настапите на Пандев, Трајковски, Елмас и Несторовски ќе можеме да ги гледаме со коментар на македонски јазик.

Од секое натпреварувачко коло ќе биде обезбеден по еден ТВ пренос. Новата сезона во Италија започнува утре, а на МТВ од воведното коло ќе го гледаме натпреварот меѓу Интер и Лече закажан за во понеделник од 21 часот.

Како што и предходно најави Дриблинг.мк,МТВ преговара и за пренесување на дел од возбудувањата од француското фудбалско првенство а можно е да биде договорена соработка со Аренаспорт и за преност на натпреварите на РК Вардар и на Еурофарм Работник во Лигата на шампионите на ЕХФ.

Извор: dribling.mk