сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 64
Во живо

Протест – „Или Заев или Македонија, оставка сега за да не биде предоцна“

home Фудбал

По добиените негативни резултати на коронавирус ЖФК „Каменица Саса“ продолжуваат со подготовките за настап во ЛШ

По добиените негативни резултати на коронавирус ЖФК „Каменица Саса“ продолжуваат со подготовките за настап во ЛШ

Екипата на Женскиот фудбалски клуб „Каменица Саса“ ја очекува ждрепката за натпреварите од Лига на шампиони. Како што информираа од стручниот штаб, тимот не престанува со подготовките за претстојната сезона во која влегува како фаворит за потврда на годинешниов успех.

-Во таа насока, екипата е комплетна и работи со полн интензитет, со предвидената динамика за подготвителниот тренажен процес.Како ЖФК „Каменица Саса“ сакаме да ја информираме јавноста дека поради појавата на Ковид 19 во М.Каменица, кај поголемиот дел од тимот се вршени ПЦР тестови. Резултатите кај сите тестирани фудбалерки се негативни и истите ќе продолжат со редовни тренинзи и подготовки, информираа од екипата.

Ждрепката за натпреварување и составот на групата во Лигата на шампиони како што додадоа, ќе се одржи во првата недела од септември, а натпреварите се закажани за периодот од 07 до 13 октомври годинава.

-Домаќинот на натпреварите ќе биде одреден после ждребувањето за групната фаза, што е одлична шанса за каменичката публика да следи натпревари од највисокиот ранг во женскиот фудбал, Лига на шампиони, додадоа од стручниот штаб.

За својот успех ЖФК „Каменица Саса“ досега се стекна со голем број на награди и признанија. Последната им беше доделена изминатиот викенд од страна на новинарите од Истокот, кои ЖФК „Каменица Саса“ ја прогласија како „Најдоброто од Истокот во областа на спортот“. (МИА)

Коронавирус