понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 129
home Фудбал

По црвениот картон за Давид Луиз, Арсенал ќе поднесе жалба

По црвениот картон за Давид Луиз, Арсенал ќе поднесе жалба

Арсенал ќе поднесе жалба за црвениот картон на дефанзивецот Давид Луиз на вчерашниот меч од 22. коло во Англија против Вулверхемптон (1:2).

Според „Гол“, во таборот на „топџиите“ се уверени дека фудбалерот се обидел да избегне контакт со напаѓачот на „волците“, Вилијан Хозе, во неговиот шеснаесетник во 45+3. минута од средбата. Забележано е дека лондонскиот клуб ја анализирал ситуацијата неколку пати и е пред поднесување протест, бидејќи не верува дека Луиз ги прекршил правилата.

После натпреварот против Вулверхемптон на 2 февруари, главниот тренер на Арсенал, Микел Артета, рече дека ја гледал снимката 10 пати и не видел повреда на правилата од страна на неговиот дефанзивец. (МИА)

ЕУРО 2020

Македонија