Фудбал

По 25 години репрезентативниот фудбал се враќа во Битола, ќе гостува Италија

По 25 години репрезентативниот фудбал се враќа во Битола, ќе гостува Италија

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ во „Куќа на фудбалот” оствари средба со битолските и македонските фудбалски величини, Митко Стојковски, Тони Мицевски, Ванчо Мицевски и Сашо Здравевски.

Фудбалските работници разговараа за актуелните фудбалски состојби во Битола и регионот, од развој на младите до гордоста на Битола, Пелистер, се до стадионот „Петар Милошевски“ како база за младите македонски репрезентации.

На состанокот беше донесена одлука Битола да биде домаќин на македонската селекција до 21 година и тоа на натпревар против светската велесила Италија.

„Во соработка со градоначалникот на Oпштина Битола, ОФС Битола и претседателот Златко Талевски, планот на федерацијата е Битола и „Тумбе кафе” да бидат домаќини на Македонија до 21 година!

Битола на нозе!“, велат од федерацијата.

Натпреварот меѓу репрезентациите до 21 година на Македонија и Италија е закажан за деветти септември. Битола последен пат била домаќин на еден официјален репрезентативен натпревар во далечната 2000 година, кога гостуваше Азербејџан.

To top