четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

ПМФЛ: Вардар ја продолжи победничката серија

ПМФЛ: Вардар ја продолжи победничката серија

Екипата на Вардар продолжува со својата победничка серија, откако попладнево во Штип ја совлада прилепска Победа со 0:1 (0:0) и нема пораз веќе во пет натпревари по ред.

Голот вреден три бода го постигна Бразилецот Лира во 56-тата минута.

На тој начин Вардар останува на чело на табелата со 17 бода, два повеќе од Академија Пандев, кои денеска ремизираа на свој терен против тетовска Шкендија – 0:0.

Резултати од денешното коло во ПМФЛ:

Работнички – Беласица 1:1
Ренова – Шкупи 2:0
Силекс – Македонија ЃП 1:1
Академија Пандев – Шкендија 0:0
Победа – Вардар 0:1

Табела:

1. Вардар 17 бода
2. Академија Пандев 15
3. Шкендија 14
4. Победа 11
5 Работнички 9…

Коронавирус