среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 82
home Фудбал

ПМФЛ: Шкупи убедлив, Тиквеш го изненади Работнички

ПМФЛ: Шкупи убедлив, Тиквеш го изненади Работнички

Лидерот Шкупи ја задржа предноста од четири бодови во ПМФЛ пред второпласираната Академија Пандев совладувајќи ја на домашен терен  денеска Струга со 4-0.

Со гостински триумф од 1-2 над Македонија ЃП попладнево актуелниот шампион Шкендија се искачи на третото место по комплетирање на 15. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Домашни победи денеска забележаа и Брегалница и Тиквеш, додека Пелистер сè уште е единствената прволигашка екипа без триумф во актуелната сезона.

ПМФЛ – 15 коло:

Брегалница – Борец 2 :1, Македонија ЃП – Шкендија 1:2, Пелистер – Скопје 0:0, Шкупи – Струга 4:0 и Тиквеш – Работнички 2:0.

Табела: Шкупи 35 бодови, Академија Пандев 31,Шкендија 27, Ренова 25, Брегалница 25, Струга 22, Македонија ЃП 20, Работнички 18, Скопје 17, Тиквеш 13, Борец 8, Пелистер 5.

Коронавирус