четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 0
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Фудбал

ПМФЛ: Шкупи со победа ја завери шампионската сезона

ПМФЛ: Шкупи со победа ја завери шампионската сезона

Фудбалскиот клуб на Шкупи од Скопје го совлада тимот на Академија Пандев со 3-0 и со победа ја прослави шампионската титула во домашниот шампионат.

Кристијан Трапановски беше двоен стрелец, во 42.минута и пред крајот на првиот дел, со голема помош и од гостинскиот голман Марко Јовановски. Третиот гол беше дело на Анид Абази во 67.минута.

Струга Трим Лум и Шкендија ремизираа 1-1, а головите на Дарко Илиески и на Флорент Рамадани беа постигнати во судиското продолжение од мечот.

Работнички беше подобар (2-1) од Пелистер, кој одамна е веќе второлигаш. Димитар Тодоровски во 53.минута донесе водство, а го удвои Марио Станковски во 62.минута. Марио Ричков во 83.минута го постигна голот за Пелистер.

Тиквеш ја победи Македонија ЃП со 2-1. Годберг Купер во 20.минута ги доведе гостите во водство, но во вториот дел Благоја Љамчевски во 51.минута израмни од пенал, а Николај Христов погоди за триумф во 91.минута.

Ренова го декласира Борец кој се сели во второлигашка конкуренција со 1-5, а Скопје со 4-1 ја победи Брегалница.

 

 

 

Коронавирус