петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

ПМФЛ: Шкендија и Вардар гостуваат во Струмица, Пелистер во Струга

ПМФЛ: Шкендија и Вардар гостуваат во Струмица, Пелистер во Струга

Денес ќе се одиграат пет натпревари во Првата македонска фудбалска лига. Лидерот Шкендија гостува во Струмица кај последнопласираната Беласица,  Шкендија има плус 13 во однос на следната екипа од првото место и евентуално со победа денеска би направиле чекор поблиску кон уште една шампионска титула.

Од останатите натпревари, Вардар гостува исто така во Струмица, кај Академија Пандев. „Црвено-црните“ иако се во евиднтна криза, мора да победат за да се искачат над опасната зона доколку сакаат да останат во најелитното друштво.

Борец во Велес го пречекува Шкупи, Работнички ги пречекува „лавовите“ од Ѓорче Петров и Струга Трим Љум е домаќин на тимот на Пелистер. Натпреварите почнуваат од 13 часот.

Коронавирус