недела, 28. ноември 2021. Вести денес: 39
home Фудбал

ПМФЛ: Академија Пандев ја пречекува Шкендија

ПМФЛ: Академија Пандев ја пречекува Шкендија

Во рамките на 10. коло од Првата македонска фудбалска лига, денес се закажани 5 натпревари. Брегалница на домашен терен ќе ја пречека екипата на Македонија ЃП,  додека Пелистер ќе гостува кај Ренова, а пак Струга на домашен терен од 14 од часот ќе игра против Борец.

Тиквеш ќе ги одмери силите против Шкупи. Во дербито на колото, ќе се сретнат екипите на Академија Пандев и Шкендија, натпревар кој ќе се емитува во директен пренос на Спортклуб.

Струмичани се на четвртата позиција во моментов на табелата и имаат само бод повеќе од Шкендија која игра засега разочарувачка сезона и се наоѓа на шестата позиција на табелата, но најавуваат враќање во формата која изминатата сезона им донесе убедлива титула во домашното првенство.

Коронавирус