вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 53
home Фудбал

Плукањето противнички играч ќе го чини Турам 40 илјади евра и суспензија на шест натпревари

Плукањето противнички играч ќе го чини Турам 40 илјади евра и суспензија на шест натпревари

Германскиот фудбалски сојуз му изрече ригорозна казна на Маркус Турам од Борусија Менхенгладбах кој плукна во лицето на противнички играч во 13. коло од Бундеслигата на средбата со Хофенхајм (1:2) и доби црвен картон.

Одлуката на дисциплинската комисија e дисквалификација на играчот за следните шест натпревари, како и парична казна од 40 илјади евра.

Покрај тоа, клубот му ја одзеде месечната плата на францускиот напаѓач, која според „Билд“ изнесува 150 илјади евра и ќе биде донирана во добротворни цели.

Турам одигра 13 натпревари оваа сезона во Бундеслигата, постигна два гола и направи една асистенција.

Коронавирус