среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Платини: ФИФА и Трибуналот за спортска арбитража се мафија

Платини: ФИФА и Трибуналот за спортска арбитража се мафија

Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, ги спореди ФИФА и Спортскиот арбитражен суд (КАС) во Лозана со мафијашките организации.

-Мразам неправда. Не можам да издржам. ФИФА и КАС делуваат како мафијашки организации. Го видов тоа и лично се убедив. Група пријатели го прават она што сакаат, изјави легендарниот француски фудбалер за „Спорт.пл“. “.

Шеесет и четири-годишниот добитник на „Златната топка“ тврди дека адвокатите на ФИФА, УЕФА и КАС се исти луѓе кои живеат во Швајцарија и постојано комуницираат едни со други.

Според него, тие се најзаслужни тој да не стане претседател на Светската фудбалска централа.