петок, 25. септември 2020. Вести денес: 181
home Фудбал

Пјуел е следниот менаџер во Премиер лигата кој ќе добие отказ

Пјуел е следниот менаџер во Премиер лигата кој ќе добие отказ

Менаџерот на Лестер Сити, Клод Пjуел речиси сигурно ќе биде следниот ментор во Премиер Лигата на Англија, кој ќе биде отпуштен. Според весникот „Дејли Мејл“ ништо неможе да го спаси Французинот, кој тотално ја испуштил контролата над соблекувалната.

Денес од 16 часот по македонско време „лисиците“ почнуваат со тешкиот празничен распоред со гостување против Челзи во Лондон.

Во наредните 10 денови, освен против „сините“, Лестер ќе мора да се соочи уште против Манчестер Јунајтед и Кардиф Сити. Очекувањата се токму во овој краток временски период да се потпише конечната пресуда за Пјуел.

„Дејли Мејл“ самоуверено тврди дека тренерот изгубил секаква поддршка не само од фудбалерите, но исто така и од својот тренерски штаб. Ова е уште еден негативен момент околу Пјуел, кој постојано е критикуван поради неговиот избор на стартери и стил на игра.

Неодамна ѕвездата Џејми Варди ги изрази своите стравувања дека едноставно не може да го дава најдоброто од себе, под услов дека е должен да ги почитува тактичките замисли на тренерот.

– Дали неговата филозофија одговара на мојот стил на игра? Не, но дали зависи од мене да се прилагодувам? Да, така е. Почнува да станува малку иритирачки, но сега минуваме кон поинаков стилна игра, изјави Англичанецот.

Изданието, исто така појасни дека во последно време Пјуел сам се дистанцира од сите во клубот, откако избрал тотално да ги игнорира советите на своите колеги во однос тренинзите и фитнес проблемите во тимот.

И минатата сезона во даден момент Пјуел мораше да се бори за функцијата, откако некако успеа да гисврти работите восвоја корист и да ја добие битката. Сега меѓутоа изгледите за сличен пресврт во претставувањето не се воопшто добри, имајќи предвид како заврши престојот на Клаудио Раниери, откако играчите се свртеа против него.

Ако Пјуел биде ослободен од функцијата, тоа ќе биде четврта смена во Премиер Лигата во сезоната 2018/2019. Претходно во текот на кампањата Фулам го отпушти Славиша Јокановиќ, Саутемптон – Марк Хјуз и Манчестер Јунајтед – Жозе Мурињо.

МИА

Коронавирус