петок, 28. јануари 2022. Вести денес: 160
home Фудбал

Пизаро: Халанд може да го надмине Левандовски

Пизаро: Халанд може да го надмине Левандовски

Роберт Левандовски и Ерлинг Халанд без сомнеж се најдобите напаѓачи можеби во Европа во моментот Интересна споредба на двајцата голгетери направи легендарниот екс-напаѓач, Клаудио Пизаро.

„Халанд во иднина би можел да го надмине Левандовски, но тоа ќе зависи од фактот дали ќе биде здрав. Исто така, важно е и каде ќе игра во иднина. Ерлинг има неверојатни вештини, сила и менталитет. Можеби Роберт има малку подобра техника, но Халанд може да го надополни тоа. Ќе видиме што ќе покаже во иднина, ама Норвежанецот може да биде неверојатен фудбалер и стрелец“, изјави Пизаро.

Покрај Халанд, легендарниот Перуанец се осврна и на „Златната топка“, за која смета дека требало да заврши во рацете на Полјакот.

„Бел малку разочаран. Се надевав дека Левандовски ќе ја добие „Златната топка“, бидејќи ја заслужи. Не смееме да го намалиме впечатокот кој го остави Меси, но по мое мислење Лева повеќе ја заслужи наградата“, заврши поранешниот напаѓач.

 

Коронавирус