вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 104
home Фудбал

Пирло сака да работи во странство

Пирло сака да работи во странство

Поранешниот тренер на Јувентус, Андреа Пирло има желба да работи во странство.

– Би сакал да работам во странство. Поминав три години во САД, така што немам проблеми со англискиот, зборувам и француски. Се чувствувам како да можам да одам насекаде. Следам многу различни тренери. Од секого можете да научите нови работи. Гледам натпревари, гледам тренинзи преку Интернет. Кога ќе ми стане полесно да патувам, ќе одам да го видам во живо. Го запознав Маурисио Покетино на одмор на Ибица, и тој ми предложи да заминам во Париз. Ако можам, би сакал да одам во Манчестер, да се сретнам со Гвардиола. Подготвен сум да тргнам во нова авантура изјави Пирло за „The Athletic“.

Пирло го презеде клубот од Торино во 2020 година. На крајот на сезоната 2020/21, тимот заврши на четвртото место во поредокот во Серија А, по што тој Пирло доби отказ.

Коронавирус