понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 153
home Фудбал

Пирло: На Јувентус не му треба шлаканица за да се разбуди

Пирло: На Јувентус не му треба шлаканица за да се разбуди

Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло ги сумираше впечатоците од синоќешниот натпревар од 5. коло на италијанскиот шампионат против Верона (1:1).

– Нашето прво полувреме не беше доволно агресивно, но сепак создадовме шанси. Одлично одговоривме на начинот на кој поведоа, но не ни треба шлаканица за да се разбудиме и да започнеме интензивно да играме. Се обидовме да го избегнеме нивниот висок притисок, а во второто полувреме функционираше подобро. Тешко е со нив, можевме и подобро.

Можеме да играме во напад со Роналдо, Мората или Дибала, во зависност од карактеристиките. Класична позиција на Роналдо е да започне малку лево и да се движи кон центарот. И Дибала и Кулушевски можат да го сторат тоа, истакна Пирло во изјавата за „Sky Sport Italia“.

Коронавирус