четврток, 6. мај 2021. Вести денес: 197
home Фудбал

Пирло е пред отказ, Алегри го менува

Пирло е пред отказ, Алегри го менува

Италијанскиот фудбалски шампион Јувентус е скоро без шанси да го освои Скудетото и ќе се базира на борбата на крајот да биде помеѓу најдобрите четири и да избори место во Лигата на шампионите.

Ситуацијата во Јувентус е алармантна, медиумите во оваа земја пишуваат дека Роналдо со својот гол го спасил Пирло од отказ уште после овој меч.

Единствена утеха за „старата дама“ може да биде доколку во финалето на купот слават против Аталанта, но прашање е дали Пирло ќе го дочека тоа финале.

Се шпекулира дека Пирло може да биде отпуштен во среда после евентуален неуспех против Наполи, а на негово место да се врати Масимилијано Алегри.

Коронавирус