петок, 7. мај 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Пиоли го објасни црвениот картон на Ибрахимовиќ

Пиоли го објасни црвениот картон на Ибрахимовиќ

Милан и со играч помалку, успеа да победи на незгодното гостување кај Парма со 1:3. Ребиќ, Кеси и Леао беа стрелци за „росонерите“ на овој натпревар, а црвениот картон на Ибрахимовиќ беше покажан во 60-та минута.

Судијата како образложение дал дека бил навредуван од Ибра, но Стефано Пиоли го тврди спротивното.

Зборував со Златан по натпреварот, ми кажа дека апсолутно не го навредувал судијата. Тој дебатираше со судијата, но не покажа знаци на непочитување кон него. Не зборував со Мареска, не ја знам неговата верзија. Освен овој инцидент, не можам да кажам ништо лошо за мојот тим, одиграа на вистинското ниво“, истакна Стефано Пиоли.

Коронавирус