недела, 4. јуни 2023. Вести денес: 72
home Фудбал

Пике не гледа како Барса може да стане шампион

Пике не гледа како Барса може да стане шампион

Дефанзивецот на Барселона, Жерард Пике не е оптимист во врска со шансите на Каталонците да ја освојат титулата. Вчера екипата на Кике Сетиен одигра 0:0 на гостувањето кај Севиља. Барса има предност од 3 бода пред Реал Мадрид, но доколку „белите“ победат на гостувањето кај Реал Сосиедад утре тие ќе излезат на врвот, бидејќи имаат подобри резултати на натпреварите меѓу двете екипи.

– Гледајќи ги досега мечевите, ќе ни биде многу тешко да ја освоиме титулата. Ждрепката нè става во позиција каде што работите повеќе не зависат од нас, а гледајќи ги претстојните натпревари, тешко ми е да се замисли како Реал Мадрид ќе изгуби бодови, рече Пике по мечот.

Тренерот Кике Сетиен не се согласи со мислењето на неговиот играч.

– Мислам дека зборовите на Пике доаѓаат од иритација. Сигурен сум дека тој ќе размислува поинаку утре и сигурен сум дека Реал Мадрид нема да ги победи сите нивни натпревари. Не зависи се од нас, но мора да бидеме оптимисти,додава тој.