недела, 5. декември 2021. Вести денес: 74
home Фудбал

Пике ја остави Барса жива, прв исчекор на Салцбург кон осминафинале (ВИДЕО)

Пике ја остави Барса жива, прв исчекор на Салцбург кон осминафинале (ВИДЕО)

После 216 минути во оваа сезона во Лигата на шампионите, шпанска Барселона успеа да даде гол и тоа стоперот Жерар Пике, со чиј гол каталонската гордост стигна до победа над Динамо Киев за да остане жива во битката за осминафинале во елитата, за кое Ред Бул Салцбург со победата со 3-1 против Волфсбург направи прв голем исчекор.

Каталонците кои после сите големи проблеми од финансиската криза, па се до заминувањето на Лео Меси, во воведните два меча имаа два порази, но не успеаа ни да шутнат во рамките на голот, па вечерашниот меч им беше клучен за да останат во трката за пролетните елиминации и украинскиот гигант добро го намачи, па пресуди еден момент по кој Пике најдобро се снајде и се постави за да ја погоди мрежата во 36-та минута од мечот.

На Барса ѝ беше неопходна победата, зашто Бенфика и Баерн вечерва играат во Лисабон, па Каталонците се враќаат во трка за второто место, особено ако германската машинерија победи и практично дојде на чекор до запечатување на осминафиналето.

Оваа победа за Барса е исклучително важна и поради самодовербата, зашто поранешниот шпански и европски првак викендов го очекува „ел класико“ против својот најлут ривал Реал Мадрид во Ла Лига.

Ред Бул Салцбург го победи Волфсбург со 3-1 за втора победа по три меча и со седум бода сега австрискиот гигант направи голем чекор кон следната фаза, во групата Г, во која вечерва играат Лил и Севилја, а двата тима по две кола имаат еден односно два бода.

Ноа Окафор со двата гола за 12 минути во последната четвртина од мечот, прво во 65-та, а потоа во 77-та минута ја обезбеди победата во која Карим Адејеми по само четири минути игра донесе водство, а Лукас Нмеча израмни во 15-та.

Со поразот Волфсбург остана на два бода после половина пат на најсилните екипи во ова најелитно и најбогато натпреварување.

Коронавирус