недела, 26. септември 2021. Вести денес: 80
home Фудбал

Пике ги осуди навивачите што го исвиркуваа Роберто: Серхи ја сака Барса повеќе од кој било друг

Пике ги осуди навивачите што го исвиркуваа Роберто: Серхи ја сака Барса повеќе од кој било друг

Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике реагираше на свирежите на навивачите против Серхи Роберто за време на натпреварот против Баерн Минхен (0:3) синоќа во Лигата на шампионите.

Роберто влезе во почетниот состав, но во 59. минута беше заменет со Јусуф Демир.

– Ме боли затоа што го знам овој човек, тој е прекрасна личност која го сака клубот повеќе од било кој друг. Исто така, сакам да ги потсетам луѓето дека тој не е класичен дефанзивец. Неговата позиција е во центарот на теренот, во средниот ред. Сепак се жртвуваше играјќи на оваа позиција, и во многу случаи тоа го правеше феноменално. Многу непријатно, но луѓето имаат право да го кажат своето мислење. Меѓутоа, мене лично ме боли кога сум сведок на такви работи, изјави Пике.

Барселона која се наоѓа во финансиска криза, очигледно е и во играчка и резултатска криза.

Коронавирус