четврток, 9. јули 2020. Вести денес: 40
МЕГА БОМБА

ВИДЕО: Тежок меѓународен блам на Заев, лажеа дека спречиле хибриден напад, а Заев пред пранкери го напаѓа Макрон, затвора аеродром, ќе населува мигранти

home Фудбал

Пет кандидати за наследник на Венгер

Пет кандидати за наследник на Венгер

Листата на потенцијални кандидати за функцијата на Арсен Венгер во Арсенал веќе е сведена до петмина, тврдат медиумите на Островот.

Според „Мирор“, Луис Енрике веќе отпаднал поради неговите големи финансиски барања. Во битката остануваат Патрик Виера, Микел Артета, Масимилиано Алегри, Јоаким Лев и Леонардо Жардим.

„Дејли Меил“, пак, тврди дека Енрике се уште е во игра, иако неговата плата не е прифатлива за раководните фактори на „Емирати“. Името на менторот на Монако недостасува на листата.

И двата извора се согласуваат дека шефовите на Арсенал бараат млад специјалист, а веројатноста некој од Виера и Артета да биде назначен воопшто не е мала. Триесет годишниот тренер на Хофенхајм Јулијан Нагелсман исто така има силни позиции на „Емирати“, но не е дел од листата, бидејќи одлучил да остане барем уште една сезона во Германија.

Интересно е дека асистентот на Јирген Клоп во Ливерпул – Жељко Бувач, кој неодамна беше еден од фаворитите на обложувалниците за функцијата, не се наоѓа на споменатите листи.

Парламентарни избори 2020