сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Перез откри зошто заминал Роналдо, а кажа и детали за трансферот

Перез откри зошто заминал Роналдо, а кажа и детали за трансферот

Претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез проговори околу заминувањето на Кристијано Роналдо.

Летово кое што е веќе зад нас го донесе еден од најголемите фудбалски трансфери во историјата. По девет години минати во Мадрид, Роналдо се пресели во Јувентус.,

-Тоа беше негова одлука и кога е така тогаш се потрудивме да извлечеме најмногу, земавме 100 милиони евра, колку што и го плативме во 2009 година. Тоа е најголем трансфер во историјата на Реал, кога се во прашање продажбите, изјави Перез.

Претседателот на шпанскиот гигант нагласил дека Сантијаго Бернабе секогаш ќе биде дом за Роналдо и дека тој е најдобар играч на клубот уште од времето на  Ди Стефано.

-Да имавме уште некоја понуда, можеби цената ќе беше поголема. Меѓутоа, освен Јувентус никој не беше заинтересиран, додава Перез.

За девет години во Мадрид Роналдо одигра 438 натпревари, на кои постигна 450 голови и освои две титули во шпанското првенство и во Купот на кралот, како и четири титули во Лигата на шампионите.

Коронавирус