среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 20
home Фудбал

Перез ја пронајде замената за Модриќ, „кралевите“ нудат 120 милиони за дуо од Премиер лигата

Перез ја пронајде замената за Модриќ, „кралевите“ нудат 120 милиони за дуо од Премиер лигата

Очигледно беше дека со заминувањето на Кристијано Роналдо, Реал Мадрид ќе мора да прави некакви промени. Лошиот старт на сезоната и врачениот отказ на Јулен Лопетеги се само неколку докази дека тимот не функционира на посакуваното ниво.

Тоа е недозволиво во ерата на Флорентино Перез, кој нема трпение и сега ќе тргне по двајца фудбалери од Премиер лигата. Како замена за Лука Модриќ, кој најверојатно ќе си замине на крајот од сезоната, претседателот на „кралскиот“ клуб го избра Кристијан Ериксен од екипата на Тотенхем. Данецот игра во одлична форма веќе неколку сезони наназад и се очекува да ја пополни празнината која што ќе ја остави Хрватот.

Перез има и решение за нападот, а тоа е младиот голгетер на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд. Сепак, неговото доаѓање на „Сантијаго Бернабеу“ би можело да се искомплицира доколку летната офанзива на мадриѓани се насочи кон Нејмар или Килиан Мбапе.

Доагањето на Сантијаго Солари донесе каква-таква стабилност во Реал, кој искористи еден кикс на Барса и се врати во трката за титулата во Примера.

Извор: gol.mk

Коронавирус