понеделник, 20. септември 2021. Вести денес: 65
home Фудбал

Пеп Гвардиола: Секогаш им велам на фудбалерите сами да донесат одлука

Пеп Гвардиола: Секогаш им велам на фудбалерите сами да донесат одлука

Пеп Гвардиола порача дека неговите фудбалери треба да ја научат лекцијата од денешниот пораз од Челси, посебно што за краток период ќе играат против истиот противник во финалето на Лигата на шампионите. Гвардиола по натпреварот објави дека и самиот бил изненаден од потегот на својот напаѓач.

– Ова беше израмнет натпревар, но генерално одигравме добро. Ја испуштивме најдобрата шанса во финишот на првиот дел, кога не реализиравме пенал. Серхио сам одлучи да шутира „паненка“, јас секогаш им велам на своите фудбалери дека сами треба да ги донесат одлуките и да преземат одговорност за реализацијата. И сега немам што да додадам на тоа – изјави Гвардиола.

Во самиот финиш и при резултат 1:1, домаќините бараа пенал за стартот над Стерлинг, но судијата не се сложуваше со нивната констатација, а потоа Челси постигна гол за победа.

– Мора да кажам дека на крајот не добивме пенал, тоа беше чист пенал, ја прегледав и телевизиската снимка. Можеби Ентони Тејлор и неговите помошници сметаат дека не можат да погрешат, но јас видов добро што се случи, – потенцира менаџерот на Сити.

Коронавирус