сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 66
home Фудбал

Пеп Гвардиола остана без важен играч

Пеп Гвардиола остана без важен играч

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола се соочува со сериозни проблеми откако остана без еден од најважните играчи поради повреда.

Шпанскиот стратег потврди дека во следните три месеци нема да може да се смета на неговиот сонародник, Феран Торес кој доживе потешка повреда.

– Феран ќе биде надвор од терените два и пол месеци, можеби три месеци. Ги скрши коските на стапалото, -изјави Пеп Гвардиола.

Во досегашниот дел од сезоната шпанскиот офанзивец постигна три погодоци и запиша една асистенција на седум натпревари во сите конкуренции.

Коронавирус