Во пресрет на првиот натпревар на „Итихад“ своите очекувања ги изнесе тренерот Пеп Гвардиола. Тој посочи дека овој дуел станал европски класик во последната декада.
„Во последните години Сити – Реал стана вистинско „Класико“. Минавме доста меѓусебни моменти, се елиминиравме меѓусебно. Знам дека мора да одиграме врвно, имам план, а се надевам ќе продолжиме во следната рунда. Бевме нестабилни оваа сезона, нешто што претходно не ни се случувало. Сепак, се враќаме, јас сум оптиист и смирен сум. Играчите сакаат вакви натпревари како со Реал Мадрид, секогаш има притисок.
Невозможно е да ги контролираме сите четири нивни ѕвезди (Винициус, Мбапе, Родриго и Белингем) во 90 или 180 минути. Сите четворица се неверојатни, го знаеме тоа. Мора да се обидеме да го намалиме нивниот импакт. Способни се и добро се комбинираат без разлика на противникот, ама мора да наметнеме своја игра и да однесеме добар резултат на реваншот“, изјави Гвардиола.
Првиот натпревар во Манчестер се игра во вторник во 21:00 часот. Реваншот е на 19 февруари на „Сантијаго Бернабеу“.