четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 1
home Фудбал

Пеле со емотивна порака до Марадона: Ти беше гениј!

Пеле со емотивна порака до Марадона: Ти беше гениј!

Легендата на светскиот фуднал, Пеле со отворено писмо се обрати до починатиот Диего Марадона седум дена по смртта на Аргентинецот.

Пеле и Марадона со децении важена како големи ривали и се бореа за титулата „најдобар фудбалер во историјата“.

„Пред седум дена ти замина. Многу луѓе направија споредби меѓу нас. Ти беше гениј, кој го воодушеви светот. Магионичар со топката. Вистинска легенда. Но, за мене засекогаш ќе бидеш голем пријател, со огромно срце. Знам дека светот би бил многу подобар ако луѓето престанат да споредуваат и почнат да ни се восхитуваат уште повеќе. Сакам да кажам – ти не можеш со никого да се споредиш. Твоето предвремето заминување ме спречи да ти кажам, но сега ќе ти пишам: Те сакам, Диего. Мој мил пријателе, ти благодарам“, напиша Пеле.

Коронавирус