понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 55
home Фудбал

Пеле повторно хоспитализиран, познато е во каква состојба се наоѓа

Пеле повторно хоспитализиран, познато е во каква состојба се наоѓа

Еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња Едсон Арантес до Насименто (81), попознат како Пеле, повторно е хоспитализиран во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло.

Трикратниот светски првак е хоспитализиран поради лекување на тумор на дебелото црево, соопшти денеска болницата, додавајќи оти Пеле е во стабилна состојба и треба да биде пуштен дома во следните неколку денови.

Пеле кон средината на септември беше опериран од тумор на дебелото црево, а потоа беше подложен на хемотерапија.

Бразилската фудбалска легенда минатиот месец преку Твитер порача дека се чувствува добро.

Пеле е единствениот фудбалер во историјата, кој освоил три титули светски првак (1958, 1962 и 1970), а популарниот „O Rei (Крал) во кариерата постигна повеќе од 1.000 голови пред да ги закачи копачките на ѕид во 1977 година.  (МИА)

Коронавирус