вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 165
home Фудбал

Павков: Не бев свесен што се случува

Павков: Не бев свесен што се случува

Милан Павков, херојот на Црвена звезда кој со два погодока го „сруши“ Ливерпул, изјави дека при постигнувањето на вториот гол не бил свесен што се случува.

Павков погоди во 22. и 29. минута со удар од 30-ина метри.

– За првиот гол бев свесен, ама при постигнувањето на вториот не ми се веруваше во тоа што го гледам. Ја земав топката, добив идеја да шутнам и тоа е тоа. Беше тешко, но постигнавме историска победа. Сите сме се уште под впечатоци од натпреварот. Просто не можеме да поверуваме што направивме, потенцира Павков.

Со триумфот над Ливерпул, белградските „црвено-бели“ ги задржаа шансите за пласман во следната фаза од Лигата на шампионите.

Коронавирус